чукнат (прид.)
Не бевме сигурно толку чукнати, проклет да бидам, чукнати.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Вашата чукната слугинка не сакаше да ме пушти.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Штом ме заминаа, јас ја шмугнав. Преку ендекот, низ шумата, како чукнат зајак, преку бачилата, до планината. И толку.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој застана зад Франца, се намршти незадоволно, почека троа, како да смислуваше што да му рече и најпосле го чукна по рамо:
- Стоте лева да ми ги вратиш.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Некои го сметаа за чудак, други за чукнат, а трети го сметаа за непресметлив и бегаа од него.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Понекогаш, но само понекогаш, дозволувај си да правиш чукнати работи.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)