чукање ср.

чукање (ср.)

Од пенџерето ќе видам. (Повторно чукање).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Така ни порача мајка ти. (Се слуша чукање на портата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сам со себе ќе се изедам! (се слуша јако и непрекинато чукање на портата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Настанува гробна тишина. Пауза. Повторно чукање на портата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Како глувче во фак. Лежам и како насон, кога некој ме брка, не можам да бегам; се мачам и го чувствувам чукањето на срцето дури и во коските.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чувствуваше темно чукање под превивките и следеше едно минато без грч на лицето: ти ќе си робијаш, синко, говореше татко му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Андон реши: ќе влезе во кафето: Таму, како што правеа и другите, ќе седне, ќе извади пари и ќе го извика со чукање келнерот. Плаќа. Зошто да не влезе?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Однадвор се чу пак силно чукање и некој на турски извика: - Отвори, бре ќерата!43) - Потера од пет суварии!44) - тивко шепна домаќинот, побеле во лицето како крпа и се врати назад.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Однадвор пак се чу силно чукање. - Пеки, пеки!45) Сега идам, ефенди! - викаше домаќинот и со брзи чекори слегуваше по скалите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По чукањето изгледаше дека нема друго нешто.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Едно утро Полжавот слушна чукање на вратата од својата куќичка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од кај потокот уште се носеше тоа морничаво давење, жржење, и како ноќ остро се забиваше во тишината чукањето на волчешките заби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Питропот Танаско често се допираше до вратата, наслушуваше да чуе дали чука, дали работи: ако не чуеше чукање, ќе ѕирнеше низ клучалката да види што прави.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едно време чукањето запира. Чако уште лае, ама лаењето му се оддалечува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се прибра срцето, го намали чукањето, го стивна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што им прегрешив и на луѓето кои не ги познавам, велам самата пред себе, а околу мене само так-тук, так-тук се слуша чукањето на секирите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само чукањето на срцето не можеме да го притаиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го лепеше ушето, го запираше дишењето, но не можеше да чуе чукање.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа клекна на гробот од свети Наум и го залепи ушето на плочата за да види дали се слуша чукањето на срцето на светецот, како што им рече игуменот, да види што може да значи тоа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сепак некои од луѓето можеле да наслушнуваат брзо чукање, скржлаво во звукот, тивко; тоа или земјата си го одбројувала крајот или нечие срце било пред молкнување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе