чочек (м.)
Капетанот почна да игра нешто како чочек: - Ги познавате ли Душанка и Јованка? Ете, јас со нив така играв. И почна да се смее.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Многу ме погоди кога ми кажа дека играла многу добро чочек пред да... ја осакатите.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Ебати пијанството ако не направиш нешто за да се срамиш утредента сабајле. Сакаш да играме чочек?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Роза Луксембург и Клара Цеткин: Со декрет наредија жените на Осми март ништо да не работат, туку да одат по кафани и да играат чочек на маса.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Ако сум чочек на нотите од чезата читај ме читај не дочитај портокалов портокалов брезин корен зачитан.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
При толку многу нова светлина клепката ми се отвора како златниот капак на џебниот часовник и не може да ѝ се изначуди на глобалната празнина на хоризонтот во која ласерските зраци се мачат да заиграат чочек.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Во златните години, во кино салата за време проекцијата на филмот можело и чочек да се игра.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Таму да му играат чочеци и на крајот од играта да му го заблажат пофтежот со баклави и кадаиф.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)