човечец м.

човечец (м.)

Безбели некого од Орленци ќе најдеме да ни раскаже понатанко. Уште над село втасаа еден пристар човечец со товарено магаре дрва.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој сакаше да го прегрне човечецот со долги и немирни прсти(овој пак се обидуваше да не дојде под обрачот на големите раце) и раскажуваше за природата и за гасениците најмногу за некој Чарли Краков, или за призрак на опачината на неговата потсвест, на нешто што е натсвест и живее вон од него, вон од неговата матна мисла, нешто на што зборовите и му го градат и му го одземаат обликот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За да знаат дека од приморјето, од некоја гладна земја Арапија, ќе допливаат до нив накострешени стаорци со болештина во мочката и во лигите, ќе ги заземат во густи глутници куќите и трлата, ќе изгнасат и човечец и коза, сиротинска доилка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додо, јас и неколцина востаници – тоа бевме нели? – влеговме од одајата во друга одаја, помала, и без двоумење уништивме неколку табли со разнобојни копчиња, преку кои, најверојатно, човечецот во антерија од чоја управувал со механизмот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од некоја тајна врата на замрачената одаја истрча човечец во антерија од чоја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
3. На другиот ден Гога дојде пред берберницата заедно со Крстета, студент по филозофија, на кого му вети да му покаже еден занимлив човечец.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)