чкрапне (св.)
— Ами, поседете си бегу, оти толку рано ќе си ојте? — запна и Бојана да го задржува, ама Колобан и чкрапна со окото и таа ја зеде празната чаша на послужавникот и му ја подаде белата рака на бегот, на која светкаше на ламбата бела, сребрена гривна со три жолти черечиња подресена.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Митра отвори, зеде еден сомун чист леб, го кладе на софрата и Доста си ја крена и си ја занесе пред машките. Со клавањето му вели „добре дојде, дедо Петко", а и на Илка да му го врати намигнувањето му вели: „е добре дојде и ти Илко", — и му чкрапна со левото око.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Стискајќи ја цигарата со тврдите усни, тој чкрапна налутено со ќибрит и го забуца лицето во осветлените дланки.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Долгиот запре, чкрапна кибрит и тенко жолто пламенче затрепери плашливо на врвот од дебелата лоена свеќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се исплашив за куќата... Ми удри крвта во главата и чкрапнав...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Чкрапна Оливера со кибритот: ми ја пали мене цигарата, си ја пали и својата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Ќе пушиме по една“, рече Љупчо; од кутијата извади една цигара, важно ја чкрапна запалката и уште поважно тргаше над пламенчето - цигарата да се запали.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Трендафил сака да чкрапне, ама Ташко не го остава Не се знае, му вели, не тука.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Нешто чкрапна, како да се отклучува врата, потоа одекна тресок од скршено стакло.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Чкрапнав и екна пукот. Во тој момент падна коњот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Пред да се чкрапне сијалицата, темникавоста на одајчето ја бркаше вжештеното отворче на ќумбенцето, Перса и Пелагија во разговор на креветот, а малечката Пела, седната над едниот садак под прозорецот, му зборува на внимателниот Мурџо, малку подалеку од неа, кој чучи на задните нозе и потпрен на предните.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)