чкрапец м.

чкрапец (м.)

Се бореше со лек трепет но можеше да ја повлече кочницата како што можеше да го стисне со показалец чкрапецот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега многу добро можам да го сфатам оној младич, што не можел да стори ништо друго, освен да си го врзе чкрапецот од својата пушка за палецот од ногата и да повлече, сигурно бил во многу борби, тој младич, а сигурно многу сонувал за животот, сигурно многу повеќе од мене, кога можел да постапи така, но сите тие борби, од кои што испливал жив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го досегам врвот од цевките, мушицата, чкрапецот, кундакот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Борис Калпак внимателно извлече сламче од грбавиот чкрапец на пушката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никифор Ганевски го потсети дека абердарката има два краја: едниот пука, другиот може да падне врз тилот на тој што ѝ го стиска чкрапецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Возбуден и без здив, со чувство дека е и самиот со дупнати гради, Онисифор Проказник го гледал сето тоа со замрзнат прст свиткан околу чкрапецот на кобурата и можел и самиот да се прослави со своите стрелци: еден од противниците просто како да му го нудел челото. Сепак - не можел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не слушнавме чкрапнување, ама го слушаме како вика Не пукна! и го врти во нас, во гроздот на прозорецот, го влечи чкрапецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Барајќи го со поглед Марка, со изненадување виде дека грдомасниот слаб митролезец на нивната чета, Босанецот Мујо, со својот „шарец“, насочен кон влезот на земјанката, лежеше со кундакот стегнат во десното рамено, окото на нишанот и прстот на чкрапецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Отпосле ќе прашаат кој е на потег, ама јас веќе сум подзаборавил на играта, сум ја нарамил пушката, излезен сум во дворот и тргам на чкрапецот кон секаде: дум дум дум!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)