чипаво (прил.)
Работи, ама како некој да му ги држи рацете. Ќе земе да делка, а секирата му стои чипаво. И наместо тој неа, таа него го занесува. Го шета наваму-натаму, ко опијанет да е човекот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А понекогаш ќе ти дојде на чипаво зборот. За малку, без прашање, да ти избега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Не бојте се, им вели Никифор, некои камења се истркалаа. Чипаво биле застанати, вели, и кога згазнав се урнаа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)