честење (ср.)
Бисера даде „проводиа" половина лира и ја однесе бовчата во земникот да им ја покажува утре другиден на сите роднини и пријателки, што ќе дојдат на честење.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чардакот бргу се исполни со свет. Започна честење и веселба.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но и покрај тие „честења" катилот си остана катил.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но, во овие велесаемски дни Лајпциг не го привлекуваше вниманието само со саемските хали и простории, со машините и техниката, со изложбите на книги и да детски играчки, со трговијата и размената, со банкетите и честењата, со деловните контакти и сувенирите, со купувачите во модерните стоковни куќи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Само, не разбирам зошто си морала да го лажеш она за појадокот, за ручекот и за моето честење низ куќа додека вие си играте, а татко ти чита весник.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Додека прислужникот на училиштето влегуваше и излегуваше да донесе кафе и ракија за честење, Комисијата ја објасни целта на своето доаѓање; кажа дека треба да изврши проверка на местата од овој пограничен реон: да се одбележат синорите, да се изврши маркирање на теренот срамнувајќи го со картата во која е уцртана границата, односно да се изврши разграничувањето меѓу двете држави.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А каква била користа на девојките и на нивните муштерии од тоа честење на татко ти, за тоа никогаш не раскажуваше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Може? - Може, ама честењето да биде наше... – предлагам. - Прифаќаме, ама во Македонија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Милан ќе им донесе некој нов деликатес за да ја разбие монотонијата на кашата што ја јадеа и тогаш тие ќе скокаат, а тој ќе ги прекорува поради лакомоста и ќе се погрижи секое од нив да го добие својот дел од специјалното честење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)