чепка (несв.)

КОСТАДИН: Во сојот не чепкај, зашто ќе се испечеш! Не ти се допаѓа? Подобар е од твојот и почесен!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Нејќам јас да чепкам мечка со сламка.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
По тој план Трајко ,ќе оди на орање, Илко пак в планина, но само со едната маска и магарето, а Стојо ќе остане дома, да ја поврзе племната оти, см тече, ем кокошките ја чепкаат сламата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само уште дедо Бошко седеше крај огништето во големата чадлосана одаја со земјено душеме и чепкајќи го лулето што го имаше допушено, нешто си мислеше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Никаквеците не чепкаа од коњските ноздри легенди. Сонуваа монети.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И чепкаше и распетлуваше сѐ што станало, повторуваше една иста случка во различни нијанси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зло: принцеза (прст во носот!), сета грда, сета грда, со предолги уши мрда, пред мрсулав принц и клепкав таа везден ноздри чепка.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Оторбешено седнат на дното на ровот, на сувата, прашлива црвеница, со нозете расчекорено испружени вдолж пред него, Шишман или копаше со петицата или со нокти чепкаше пред себе како некое куче што готви криење на коска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако доаѓаат за Селиште, значи ќе чепкаат таму. Ќе биде интересно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан ги остави овците да чепкаат сува трева низ папратот на Заветна, и помина од другата страна на поточето, да види каде се говедата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
1. НЕ ЧЕПКАЈ ПИШТОЛ, МОЖЕ И ДА ПУКНЕ - па макар и од мака дека куршум нема.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тие фрески се измиени со неговата крв. Не можам во нив да чепкам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕВТО: Ќе чепкаш и оро ќе играш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ДИМИТРИЈА: Ти ќе го продаваш тоа што самиот ќе го спечалиш и изградиш. Овде не чепкај. Ова е мое.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Киселицата е уште непотпркната, ама ние чепкаме, бараме, брстиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами брзо оди кај Маса Ќулумоска, ми вели Мисајлејца, оди да те крдиса, оти таа од сите работи чепкат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин почна да ги чепка алиштата, како да бара болви во рабовите и во веѓиците, а потоа се загледа, нагоре, во гредите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чепка и во она што беше вчера и во она што е денес.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Откако ќе се изнаплаче, се оддалечува, од луѓето, се крие некаде зад карпите, чепка меѓу камењата, собира некои тревки и корења, ги суши на сонце, а потоа, завиткани во парче весникарска хартија ги пуши.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе