цут (м.)
Орач в замав ќе посее ниви, - бело цутје ќе закити гранки, ќе загукат голабите сиви, - ќе оживат долови и странки.
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Густ цут - весник на пролет, на племенитост, на живот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Зад нагризениот ѕид на соседната куќа густ цут од вишни, неизброиви меки пердуви закачени за воздухот како да се двоумат изненадени снегулки да ја покријат земјата или да се вратат во торбата на Јануари.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
В плоден лес камен рожба да е да зрее и црно нешто да го покрива и цут на гранки и нож по тоа да вишне на врв на ножот птица да починува без тебе.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се продолжуваше нечујната трпелива игра на белите црешови цутови на снежинките.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дрвчињата беа расцутени и на нив како снег се белееја пупките цут.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Цутот му влетува на Профима в очи како снежинки. Проклетство, рече; стана и се упати кон дома.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Езерото се разниша, се крена ветер од него и започна да дува по брегот да го кине и да го разнесува младиот цут од овошките.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ништо не беше во состојба да не залечи: ниту цутовите по дрвјата крај урнатите куќи, или празни места од расчистени урнатини, ниту птиците со нивните оживеани песни.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ја следам таа сува гранка како се измачува од мозолчето на кората од тврдоста нејна да го истисне цутот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сите го чувствуваат цутот и не мислат на него сал човекот во тремот во нем разговор со дрвото го брои цутењето што повтор му се враќа.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
После го поткрена. Го гледам над мене, ко цут од јаболкница го гледам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Свират врапчињата, свири и Мирче и само цут му гледаш во очите. Се ослободи човекот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дојде и Ѓурѓовден: се исфли цутот, се заврзува...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Обрастен со разно зеленило брегот е убав во секоја доба: во пролет е прошаран со цутови од секакви бои што шират опоен мирис и им внесуваат немир и возбуда на пчелите; во лето се гледаат разни плодови кои дрочат на сонцето и ги намамуваат птиците; во есен не се знае кое дрво полична боја има; пламтат лисјата како оган; зиме покриени се со бели пулајки, реси и чипки.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
...раката подигната во мигот да го заштити лицето од ненадејниот блесок и додека сечивото на светлината се забива во неа низ сенката низ слабоста на погледот препознавам како утрото истечува од случајно превртената шоља за чај лизгајќи се по жолтеникавата мирисна патека долж која треперат ларвите на прекршениот бескрај... ...тогаш низ напукнатите ѕидови на воздухот што раката ги распорува на повратокот кон долу твоите заробени очи на презреана девојка безгласни а сепак меланхоничниот звук на флејтата очите твои нејаки оази на осамените ноќи сред сјајниот цут на светлото потиснат шепот на бледите траги по врелите јужни патишта...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се кревам, а надвор — цут, цут — сѐ е побелено околу пругата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се случувало праските да пуштат чудни, призрачни, некако проѕирно зелени ливчиња во декември, напролет да се исушат, без цут.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)