цикличност (ж.)
Геометриската композиција потоа успешно се гледа и на психолошки и на идеен план, успевајќи формата да ја стави во служба на една, во самата суштина песимитичка замисла за цикличноста на човековиот пораз како последица на човековата природа во која е невозможно докрај да се проникне, токму како што е невозможно да се спознае минатото, политиката, меѓучовечките односи, бракот, семејството.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Со оглед дека романот се одвива во временски распон од една година и дека односот на историјата на селото и Симоновиот предок Никола Поцо се повторува и во судбината на Симон и во неговиот однос со селаните, забележливо е внесувањето на уште една димензија на романот, онаа која укажува на можноста од цикличноста на историјата, инаку карактеристична за митското време во кое, во рамки на дневниот, годишниот или подолг временски период, циклично се појавува смената на денот и ноќта, годишните времиња, но и животниот циклус, смената на владателите итн.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)