централен прид.

централен (прид.)

155 Благодарејќи на условите, сега ние си го избираме за општ литературен јазик централното македонско, т.е. велешко-прилепско-битолско-охридското наречје.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
34. Д-р Христо Татарчев (1869-1952) од Ресен е еден од основачите и прв претседател на Централниот македонски револуционерен комитет во Солун (1893).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, централното наречје има зад себе, така да се рече, историски права.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Далеку во мариовските ридишта, заградено од сите страни со дабова и борова гора, на дното на некогашното езеро се распрострело мариовското централно село Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сталин? Тој, лично! Неочекувано му се јави на овдешниот Централен комитет со својот познат мирен глас, ти кажувам, а јас знаев зошто го стори тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Членовите на Централниот комитет ретко се наоѓаат во Софија, но... ако биде воопшто можно, јас ќе сторам сѐ да успееме. А со кого сакате да се видите?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Сега што правиме? Да му јавиме на Централниот комитет?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Би можеле да помислат дека се кревате на големо, дека сакате да изигрувате човек со врски, со лични пријатели во Централниот комитет.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Среде во Софија се наоѓаше централниот затвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Битолскиот окружен револуционен комитет си ја присвои функцијата на бившиот Централен комитет и во името негово, којзнае по каква штура идеа, им испрати на сите организации едно окружно писмо, што ја застрани вистинската борба и ги расцепи и тие малку останати сили во народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многузначноста, поливалентната згуснатост на смислата на времето да ги сече сите можни духовни оски и рамнини, е предмет на поезијата и влегува во нејзината филозофија како нејзина централна составка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
ВО ХОЛАНДСКА ВЕНЕЦИЈА ЕКСПРЕСОТ од Мастрих брзо се доближуваше кон централната станица на Амстердам.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите овие процеси се управуваат преку централни командни табли поставени во котелните објекти. Затоа во овој огромен комбинат, кога тој ќе биде наполно завршен, ќе работат само 700 работници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дојдов до свијокот. Го немаше. Избив кај централната фонтана...
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тие, пак, во слава на Перета Тошев, прилепчнаец и член на Централниот комитет на Внатрешната македонска револуционерна организација, кого заедно со сета македонска историја си го имаат за свој, на станицата ѝ го дадоа неговото име - Пере Тошев.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сталин? тој, лично! Неочекувано му се јави на овдешниот Централен комитет со својот познат мирен глас, ти кажувам, а јас знаев зошто го стори тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тајниот телефон на овдешниот Централен комитет ѕвонеше и дење и ноќе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во текот на летото во централна Егејска Македонија е исфрлен и првиот одред на ЕЛАС.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Реши, по многу разговори со татко ми и со другите угледни козари во градот, да оди во Федерацијата, кај централните власти на земјата, да разговара, ако треба со главниот стратег за козјото прашање, сонуваше и дури да го посети Водачот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од радиото сега ечеше друг глас. – Другари и другарки, работници и селани, класо, го слушавте соопштението на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе