целива (несв.)
Станал од спиење Велко и си го грабна Силјан в раце, та си го измилувал и слатко си го целивал.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Биди жива и здрава да исчекаш и да ме ожениш. Ја свеќа ќе ми запалиш, ја венци ќе ми целиваш!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Леле, леле, јас сиромав! Циганка да ме целива!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
КОЛЕ: (Му приоѓа и му целива рака.) Да си ни жив куме!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОЦКО: Ајде бре, прљаци, целивајте рака на кумот, зашто тој ќе ве венча!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Отишла Милка на вода Со две стомниња шарени, По неа овчар будала: „Дај, Милке, да те целивам!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Товари си го магаренцето, Слези си долу во село, Слези си долу во село Там’ Милка да ја целиваш“.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Дај, Милке, да те целивам Челото меѓу веѓите“.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Борис знае - во таа куќа е штабот; одговарајќи на бабиното прашање дека е здрав, добро облечен и секогаш најаден, се ведне кон нејзиното чело и ја целива.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
По оваа молневито свршена работа, стариот погледна во врзаната Анѓа, го испушти крвавиот јатаган, ги рашири рацете за прегратка и се стрча кон неа, ја прегрна и почна да ја целива по крвавото лице.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога ја прегрнував и бакнував ме обземаше чувство, кое не можам да го искажам, но кое би можело да се спореди со блаженото чувство на оние верници кои ја имале среќата да го видат и да му ги целиваат нозете и рацете на својот бог.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Војводите пак го целивале и му рекле дека мајсторите можат веќе без него, тој нека собере сѐ што може да застане на нога, старо и младо, машко и женско, на незаштитените места на гратчето да се постават камени појаси за одбрана.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ашколсун, ги подал кон арамиите рацете да му ги целиваат, ги облекол во арапски антерии и им дал анџари и наџаци да се бранат патем, при враќањето, од човек и од ѕвер.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Војводите го целивале и му праќале од своите трпези дебели овновски опаши и густо вино но тој, кашлајќи тешко, изблул од уста бели парченца дроб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Прерадуван, игуменот постојано клечеше на гробот на свети Наум и го целиваше благодарејќи му што помогна, што ги услиши нивните милитви, што помогна да се реши овој спор.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во истиот миг, тие почувствуваа рајска милина и блажина, небаре хор ангели да им пееја некаде од високо и ги целиваа нивните уши и души.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„О, мил ибн Пајко, о мој господару и брате”, рече тој растреперено и почна да му ја целива раката на Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Пред авионот персиските дипломати чекаат да влезе Мими прва, но таа долго се проштева, се целива и се качува последна пред да се затвори вратата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но, сепак, во еден агол од неа, остана вртлогот на Ушќе каде што Сава се целиваше со Дунав.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)