херметички (прид.)
Бункерите во мигот ми изгледаат како гротескни и парадоксални монументи на масовното жртвување на еден цел народ во сиромашната и херметички затворена земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Уверен, зацврстен, врз култното почитување на прописите од својата сфера дека постигнал мала дипломатска победа чија смисла најубаво ја разбираше само тој, замина гордо со телеграмата, херметички затворена во фасциклата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Некогашната полиглосија на Балканот станува нова реалност со отворање на херметички затворените граници на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)