харфа ж.

харфа (ж.)

Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се отворија сончевите сараи и палати, Екнаа химни, свирки, харфи, лири, Испукаа сите: Злите и нечестивите, Блеснаа кубињата во сводни позлати.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Зашто тука на површината од брегот имаше слики со хеленски лавови и медитерански јарци, девојки со месо од песок како зрнесто злато и сатири што свират на изрезбарените рогови, разиграни деца, расфрлано цвеќе долж плажата и јагниња што потскокнуваат по него, музичари што пребираат по нивните харфи и лири и еднорози што јурат низ далечните ледини и кории, разорени храмови и вулкани. 82
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Костурот на авионот брмчеше и трепереше како харфа, таа музика го обземаше и него.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А сепак, храмот се изградил и во него свечено бил внесен заветниот ковчег, следен од харфи и цимбала, и од песната на канторите: „Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе царот на славата“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во совршенството на осаменоста сите сме способни да изградиме градови во длабочините на водите, ангели на харфи кои се појавуваат во темницата, свет на хармонија и задоволство, далеку од глупоста и хаосот на секојдневието, од колективната хистерија и движењето низ толпата која ме загушува, каде што освен просторот и времето нема никаква емоционална поврзаност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)