хала ж.

хала (ж.)

Но, во овие велесаемски дни Лајпциг не го привлекуваше вниманието само со саемските хали и простории, со машините и техниката, со изложбите на книги и да детски играчки, со трговијата и размената, со банкетите и честењата, со деловните контакти и сувенирите, со купувачите во модерните стоковни куќи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, парижанте многу жалат за старите „Хали“ и, колку што ми е познато, имало долги и бучни расправии поради преместувањето на „Халите“, кои се толку многу сврзани со историјата на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако беше доцна, сѐ уште можев да го почувствувам она што значеа „Халите“ за Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Би можеле да ги затвориме во неколку недоградени фабрички хали, или во трлата на блиските задруги...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Домашните регименти на мрачњаци и хоштаплери во поново време се пополнуваат со странци коишто во нашите медиуми ги заговараат сталинизмот, старорускиот палеолитски шовинизам, масовната директна акција, тевтонските фашизми, перонистичките популизми, пиночеовскиот милитаризам, изолационизмот, националсоцијализмот на кафеани и работнички хали.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Погледот го пленеше џиновско напуштено градилиште, со високи прави и искривени фабрички оџаци, отворени фабрички хали.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во следната Хала, Херман и неговите другари завршиле со пакувањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Треснува на подот шишето коњак на госпоѓицата Голдблум.  Доктор Астерид ме одведува до една подзатемнета голема хала во која се наоѓа вистински сточен вагон поставен на автентична железничка пруга со дрвени прагови за да потсетува на трауматичните масовни транспорти на Евреи што нацистите од сите страни на Европа ги префрлуваа во германско-полските логори на смртта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На платното во големата хала со поставен вагон, почнуваат да се нижат живи слики од рација спроведена во некој од европските градови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На работа едвај беа повратени околу 50 „среќници“ кои секој месец склучуваа договори за вработување на определено време и кои добиваа фиксна плата од 12.000 МКД, иако работеа секоја сабота како да е нормален работен ден, без тоа да биде некаде евидентирано – при што се правеа класични малверзации со картиците за електронска евиденција;5 работеа сменска и ноќна работа строго стоејќи на нозе (за приседнување 252 или потпирање се добиваше казна – 20% од месечната плата), во незатоплена и неклиматизирана фабричка хала.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Греењето во работните хали потполно се исклучува, а работниците се приморани сами да прават грејни тела, да собираат гранки и да сечат дрва од блиската околина, како и од фабричкиот двор, па дури и да горат стари камионски гуми – со цел да се стоплат во текот на студените зимски денови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во небесно сина хала со голема маса и некој апарат поставен како тунел низ кој треба да поминеш со гол задник, пред очите на дваесет студенти со запалени погледи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)