хакер м.

хакер (м.)

„Одеднаш, концептот за сајберспејс се рашири и стана инспирација за вистинските хакери; тие почнаа да ги пренасочуваат своите интереси кон техничката арена.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Повеќето компјутерски ентузијасти и многу хакери се технички добро потковани но не се во контакт со поширокиот свет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во суштина, киберпанкерите за хакерите се она што јапите беа за хипиците - политички, трезвени, световни верзии на алтернативната култура.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
cowboy - вистински хакер, што може да програмира и со затворени очи
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
wirehead - а) хакер, специјалист за комуникациски хардвер; б)хардверски стручњак за LAN компјутерски мрежи, wirehead-ите се познати по тоа што знаат на пр. од расклопен калорифер да состават терминатор
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Понапред, во таборот на компјутерџиите немаше поделба на хакери, вебдизајнери, мирцачи, програмери, гледачи на филмови, сурфер бадијалџии, техно- музиканти...
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А Американците се сторија три да му судат на хакерот од Лондон Кој еднаш им беше напишал во компјутерскиот систем Дека американската надворешна политика Е слична на државно спонзорираниот тероризам Многу му беа бесни Американците на хакерот од Лондон Оти знаеја дека тој повеќе ги изрезили Од пијаните офицери кои некогаш ќе задоцнеа со симнувањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Ние коалите слатко си се потсмевнувавме Оти на дело се покажа пред очите на цел свет Дека ако сме дембели не сме барем мочковци и серковци И дека тие работи си ги вршиме на раат Откако ќе сониме дека сме качени многу високо на дрвото Или ќе се видиме во огледало со венец на глава А што е најважно кога одиме по нужда Со саати читаме стари весници и секси ревии.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Се стаписуваат од таквите слики на стутулени мочковци и серковци И не можат да се изначудат како тоа може да се случи и во Пентагон Во кој како што е познато има двојно повеќе нужници Бидејќи кога го граделе законот барал одвоени нужници за црнци и за белци Ама не била работата во нужниците туку во бешиките и дебелите црева При што не се исклучува однапред и можноста од некаква субверзија Оти баш кога пентагонци користеле по еден од двата нужника Еден хакер од Лондон им беше влегол во компјутерскиот систем Сакал човекот да си ја провери опседнатоста со вонземјаните
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
ТЕСТАМЕНТ Ако умрам пред време Најди хакер и влези ми у Писи Имам необјавени дела
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)