фрчи (несв.)
Околу него фрчеа куршумите, по лицето го прскаше земја.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ги мрднале и настрана, но камењата фрчеа како дожд.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Како сакаш! - немарно рече Бојан и продолжи да се плиска, да фрчи и да ги трие своите веќе зацрвенети гради: - Ќе ти покажам нешто, - рече откако се исплиска и почна да се брише со кошулата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Фрчеа луѓето налутено и се точкаа крај неговата куќа како мравки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И ноздрите му се шират, фрчат и го шмркаат воздухот, го одбираат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие наближуваат, штрапнелите фрчат низ шумата, се цепат дрвјата, а ние ги пикаме главите в земја.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не знам како ми дојде на тоа да мислам. Ја гледам буката, а над неа, низ вршките нејзини фрчат штрапнели, куршуми.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бијат од сите страни. Фрчат куршуми од сите страни.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Коњот со мака ја теглеше колата по нерамното џаде и наближуваше кон селото; фрчеше со носот, се потеше од жештина и од теглењето.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тој само фрчи со носот и гази клапчиња змии во водата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Коњите зацапани до мев во водата, голцкаа вода и фрчеа силно со носевите исфрлајќи ја врелината од себе.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Нека молчи, нека седи тука и нека молчи, не ми пречи... пречи...пречи..фрчи фрчи...
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Каков човек беше тој Турчин! Гранатите наоколу фрчат а тој шекерчиња зел и ни ги носи нам, на децата, за да нѐ облажи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Почнавме песна „Јас сум чесен маказарчанец, од Монастирската околија“. Зајдовме до доцна. Фрчеа конзерви и шишиња пиво.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Над мене фрчат куршуми, светкаат нивните балистички патеки, грми планината од патот до шумата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Малечката Пела веќе одамна фрчи низ носето, а на нејзините големи клепки никако да кацне сонот!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Фрчат пари од сите страни Се прашувам можно ли е оваа држава да е толку поштена? Дури и наивна.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Потоа отидов да се санкам Распенет снег и лица на млади жени додека летаме покрај порти што зјаат А низ црвените кругови од уличните светилки фрчат гласови или бушави глави Збунети лавови што скокаат низ обрачи од оган.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)