фрапира (св. и несв.)
Да се биде во Келн, а да не се види оваа знаменитост навистина претставува пропуст се разбира, катедралата секој ја посматра од свој аспект, но секој во неа ќе пронајде нешто што фрапира - нејзината големина, височината на кубињата, релјефите, оргулите и нејзината акустичност.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Меѓутоа, фрапира фактот што двојно повеќе се паркирани по истанбулските улици, а на некои места дури и на тротоарите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И работиме со интензивни бои, да го фрапират посетителот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Особено ме фрапира симболиката и нежноста на романот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Особено ме фрапира загадувањето на реката Дрим и преку него вештачките езера Глобочица и Шпилје.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Паметам, јас и моите врсници бевме уште деца кога истиот тој Бунде нѐ искачи во високата кула среде градот со единствена цел да не фрапира вадејќи ја од панталоните назрејаната скапоценост со глава на лисец.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога стасавме во Будимпешта на станицата Њигати (западна). Кога слеговме од возот и кога пред моите очи блесна убавината на тој велеград јас, а веројатно и сите други деца, останавме фрапирани, бидејќи дотогаш не знаев дека постои струја...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Те фрапира ли студенилото на ќерка ти кон тебе или студенилото на љубовникот или на љубовницата?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)