фотокопија (ж.)
Таа се состои се од 100 идентични сиви метални рамки во кои беа сместени околу 400 црно-бели фотографии и фотокопии како и три брилијантно колорирани монохромни плочи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Од оваа неограниченост и од мултимедијалноста произлегува широкиот дијапазон на користени техники и материјали во мејл-арт практиката: налепници, разгледници, гумени печати, коверти, марки, телефон, телеграма, од една страна, до цртежи, слики, графики, фотографии, фотокопии, циклостил, колажи, уметнички објекти, звучни и видео касети, компјутер итн, од друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Еве“, му рече. „Ти донесов фотокопија од еден документ што јас не можам да го искористам, но се сетив дека тебе како на писател можеби ќе ти биде интересен...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Притоа, на работникот му се врачува заверена фотокопија од пријавата, во рок од три дена од денот на стапувањето на работа (ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
4. Што се однесува до проблематиката на социјалното осигурување, во 2005 беше предвидено дека работодавачот е должен да го пријави работникот во задолжителното социјално осигурување, во согласност со посебните прописи, а заверена фотокопија од пријавата му се врачува на работникот – во рок од три дена од денот на стапувањето на работа (чл. 13, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Заверена фотокопија од пријавата му се врачува на работникот, во рок од три дена од денот на стапувањето на работа...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)