флејта (ж.)
Прочитав дека бараат нежност, па им купив касета со тивка музика на флејта.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Малку зад нив се Жења со гитара и Ана Александровна со флејта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Моцартовата „Волшебна флејта“ ги отстранува без траги сите алармантни вести, а и онака телевизорот служи како куќичка за птици.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Со флејтата в рака, тој ја прегледал листата набрзина, потоа се свртил кон музичарите и некако возбудено им рекол: „Господа, стариот Бах е тука.“
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Потоа ја оставил флејтата и отишол лично да го пречека стариот Бах кој бил дојден да го види сина си.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Николаус Форкел, еден од првите биографи на Бах, вака ја раскажува таа анегдота: Една вечер, додека музичарите се штимале со кралската флејта, еден офицер му ја доставил на кралот листата на новопристигнатите гости.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Златните кули пренесуваа долга мелодија на флејта.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Леон ѝ го купи првиот инструмент, ново пијанино нарачано од Виена, веднаш штом Агата го покажа првото интересирање за музиката, а подоцна и првата флејта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)