флертува (несв.)
Тој, пак, и во најпосните времиња, флертуваше со убавините на светот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Нашиот соговорник не е од оние писатели кои би флертувале со философски приказни, барајќи во нив паразитска шанса за личен прилог.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Четиринаесетгодишно момче во Сан Франциско одеднаш ќе флертува со убава глумица од Берлин, со девојче во Бразил.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Започнувајќи со седумдесеттите години физичарите флертуваат со идејата дека теоријата на хаосот може да го објасни поведението на сложените системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Дојде тој и ми уништи сѐ. Беше посесивен, го знаев тоа, мислам дека болно си замислуваше дека флертувам со секого што ќе ми се најде на патот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)