флексибилен прид.

флексибилен (прид.)

Напротив, AI нуди флексибилна рамка, со брзо зголемување на можностите и делокругот, за нашите обиди да ги помириме стриктно биолошкиот поглед на луѓето со психолошкото ниво на дескрипција; поточно, со концептите на лично искуство, вербата, значењето, намерата, предвидувањето и, конечно, одговорноста.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ете! Да не се случеше таа случајна средба помеѓу мене и тој стрип, можеби јас денес ќе бев некаков успешен банкар, или еминентен политички коментатор, или флексибилен деловен човек, па дури и ептен угледен правник (за каков што ме мечтаеше татко ми во своите родителски сништа)...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во сефардскиот печат, дури и во умерениот „Ел Тиемпо” го напаѓаа за неумерено покачување на рабинската плата, а уредникот Јицак Давид Флорентин, еден од угледните личности на Солун што ги запозна уште при првата посета на градот, дури без стегање напиша еден текст од секташки позиции: изворот на арогантноста - ѝ поминува низ мислите текстот што најмногу ги здоболе и Цви и неа - е ашкенаското потекло на главниот рабин; таму, според тој луд Флорентин, лежи причината за тешкиот, автократски и нееластичен карактер на главниот рабин, додека без срам потаму пишува дека „ние Сефардите сме луѓе со слатка, флексибилна и добродушна расположба”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Оние првите станаа успешни банкари, политички коментатори, флексибилни деловни луѓе, ептен угледни правници...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)