филателист (м.)
А што друго можеше и да се очекува, освен да се освести од сопствените блујаници на затворскиот нужник за клечење, кога мртов пијан од бруцошка матежина на доточка и првоток се качил на маса во студентската менза и држел говор - за сѐ и сешто, од прадедо му знаменосец на Мечкина Дупка до дедо му роготрубач на Зајчев Рид, од вујко му рудар во Аргентина до стрико му говедар во Патагонија, ниеден од оваа власт слезена од планините, ниеден од неговото планинско село да е член барем во Управата на спелеолошкото друштво ако не во управата на филателистите. На Републикава, да ја ебам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
ЈАКОВ: Господине претседателе на литературен кружок, фабрикант на сапун, потпретседател на општина, секретар на друштво за француско славјанско пријателство, почесен член на друштвото за филателисти, откаде во вашата зрела фаза толку омраза за еден луд дилетант?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Кога нештата ќе тргнат удолу, на нашиот човек крива му е Владата, државата, комшиите, родителите, пријателите, колегите, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за спречување на перење пари, Здружението на филателисти од Берово, минимаркетот „Кики комерц“ и автопревозникот „Ц’мба транс“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Еднаш и чичко Ташко се врати од Берлин (од некаков саем на книгата) со албум за поштенски марки кога јас бев филателист!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)