факел (м.)
(Решително, со цврст чекор се упатува кон спалната, но во моментот пред да ја отвори вратата се појавува Духот на слободата во лик на убава девојка облечена во бела облека, со распуштена долга коса, со факел во десната рака и венец во левата).
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Прочуениот жонглер Август Рцман ви ја претставува својата точка со пет запалени факели, горе, на жица, растегната од крај до крај на големиот циркус „Олимпија“.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гореше Крушево и светеше како факел во ноќта. крај колјата - Тесно им стана на Карчевци, - негодуваа ресенчани, особено жените, кога научија дека Панде, најстариот син, тргнал во Охрид да одбира невеста.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сега сета суштина на неговото постоење беше само во тоа да не го изгуби од пред своите очи тој идеално направен круг во небото, а низ неговата крв и низ сите негови можности да чувствува наеднаш му се будеа сите богови со нивните усвитени кораби, сите бели атови и нивните боговски колесници, сите затрчани младичи со факели и сите Сончеви Мајки, што го чекаат тој морен патник зад првиот брег, да му постелат и да го нахранат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ако не знаеше дека треската трупа врз мене црни парчиња мраз на ноќта во која еден човек стана факел, можеше да знае дека торбата во моите раце е на тој Онисифор со обетка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш ѕидот што ми бегаше се отвори и јас го видов, понеже сакав да го видам него, што можеби и не бил навистина жив факел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гореле факел, одржувани од провевот помеѓу отворените врати и бунарот. Го барале Чанга со козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Го бодна коњот со факелот и газејќи ги кучињата, стигна навреме месечината да му покаже како девојката се губи во столбовите на шумата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во замокот ги јавнаа коњите и факелите на неколку чекори зад мостот го открија блескањето на оставените, зинати чевли на девојката.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Беше студен, студен, студен и тој студ сѐ повеќе ги потиснуваше бескрајните лета, со нивните зелени факели и бронзени сонца што го ослободуваа, топејќи го зимскиот оков.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Народ кој во тие мрачни времиња го запалил факелот на праведноста и културата, сепак не можел да биде толку ступиден во својот секојдневен говор и мислење...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Иако почнале да горат и умирале во страшни маки, пееле песни за слободата. Запалени, како факли на прозорците...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Јагулата, сирена на студените мориња што го напушта Балтикот за да им се придружи на нашите мориња, на нашите утоки, на реките низ кои се движи, узводно, в длабини, и пресрет на дивини, од ракав до ракав речен, сѐ поневидлива постојано сѐ подлабоко, сѐ повеќе во срцето на каменот, провлекувајќи се низ бразди од тиње до денот кога светлината ќе блесне од костените и ќе ја запали молњата во барите на мртвите води по удолните длабини на апенинските стрмнини кон Ромања; јагулата, факел, бич, стрела на Амор кон земјата кајшто сал нашите бразди и суводолици на Пиринеите водат до рајот на оплодувањето; зелена душа што бара живот таму каде што е сал апеж од жега и тага искра што вели сѐ почнува кога изгрева стебло исушено и јагленосано; божилак миговен, двоглед внесен меѓу твоите клепки и блескаш неизвалкана меѓу синовите на човекот, потонати во твојата кал: зар можеш ли ти да не ја сметаш за сестра?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
На истекот на реката од Езерото повторно се палеа рибарските факели.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
На хоризонтот проигруваше светлината на уште по некој факел, за потем наполно да се изгуби и надвладее светлината на ниските ѕвезди.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Катерина слегуваше спокојно и мирно. Скалите беа осветлени со факелите поредени покрај двата ѕида на кои се гледаа знаци што потсетуваа на оние во Египетските пирамиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А пак тогаш: Сивокрилите ангели полека фатија да се источуваат пафтајќи со крилјата и упатувајќи се на запад, и наскоро одново се покажа сводот небесен што сега ја немаше својата, туку бојата на проклетството, а од силната војска се издвои само еден одред од Силата што го препокри градот во кој згаснуваше сѐ: и криците, и довикувањата, и трчаниците, и стравот на луѓето, та носејќи факли со сумпорен пламен се одвоија од јатотото и фатија да се спуштаат полека кон Градот...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Велат дека остана без наследник, не можејќи да замисли дека друг достојно ќе го носи факелот на светлината на слободата во Палестина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Велат дека навечер со факел во устата предводи глутница мачки со вжарено накострешено крзно и заедно подметнуваат пожари.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)