учи (несв.)
Како што Евреите, кога воведуваат дете во училиште му велат: „Учи се! “ - како она што значи алеф, така и Грците го примија алфа.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Затова требуе да слушаме родители што учат на закон Божиј, а тија што не учат свои чеда книга и закон Божиј не се родители, ами губители и убијци на свои чеда.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Ошт' од малечки години учех сина, карах он од Турчина да бегат, да не му отврштат.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Дури го учел Божин Силјана сина си, се пулел во гредите и во ѕидовите, чунки како крв му се гледаше татко му пред очите кога го учеше.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Немој, бре чедо, не оди по умиштата од тие другари; слушај ме, синко, јас што те учам и мајка ти, оти ќе те фати некоја клетва од нас, бре синче Силјане!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ти, синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно ама ќе дојде саатот, што моиве зборови се по глава ќе те удрат и тогај ќе поверуваш; арно ама што рекол некој: ќе ти дојде умот, ама ќе ти појде кумот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Сите Словени, поданици на српската држава, се викале наместо Словени – Срби, а на хрватската држава – Хрвати. Така учи проф.Јагиќ 132, а заедно со него и неговите ученици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако е така, тогаш природно е оти со барањето црковна реформа ќе се соедини и барањето училишна реформа, т.е. Архиепископијата ќе ја земе во свои раце училишната работа и ќе се сообразува во неа со народноста на својата паства; во грчките епархии и парохии ќе се учи во училиштето и ќе се служи во црквата на грчки јазик; во влашките – на влашки; во словенските – на македонски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во 1889 година бројот на стипендијантите на тоа друштво се зголеми, за да се намали по неколку месеци: во ноември месец на таа година околу 40 души ученици Македонци едни тајно, други јавно и демонстративно, поминаа од Белград во Софија за таму да учат (се разбира, со бугарски пари).
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ама сѐ е со време. Времето ги раѓа, тоа ги учи… Здравје!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Така и печалењето. Парите ништо не чинат, ако ум не ти достига. Учи се, учи се!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Тоа не треба ти да ме учиш! Само да знаеш, мојава фурна не е болница!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Со години ве учам на ред и чистота — ништо! Како да учам ќутуци!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Море ќутуци учам, ќутуци и цепаници. Каде ти е кадифето?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Аферим, ашколсун! Цел век ве учам на ред и чистота, туку буки и тикви учам!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ДЕПА: Слушај постари што те учат и прави, не прашувај.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Тешко е братко, Стојане, мило да немаш крај себе, сакам на книга да учам, в очи ми солнце да влезе, мракој ми душа затнале, ко лисја капат денови, в гора мени промени, одново лист ќе потера, а мојте братко, младини не ќе ги видам никога. – Дејгиди кучко погана, куќа ми, кучко, поцрне.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Таму тој учеше занает како и сите негови другарчиња.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Пред мене се редат куќи и улици, училиште селско, варосано, чисто, о, спомени детски, одбегнати птици, ко детулче каде јас сум учел писмо!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
- Прекрсти се на сите четири страни, заинтересирано го учеше Баждар од автомобилот и ја цицаше влажната цигара.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)