утрешнина (ж.)
Некој пророк ја претскажал утрешнината. Мојата или на коњот?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Со првата ноќ пак како во почетокот на патувањето се собирале околу огнови, не како некогаш - да раскажуваат доверливо што било во минатото, со што сакале да ги сокријат грижите за утрешнината, не, не, туку да се отворат загрижени еден пред друг за иднината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Им ја кобеле утрешнината. И добитокот ќе ни падне од чума, мислеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во нашево време, кога старите „пролетери“ станаа малограѓани (а лумпенпролетерите главно се исклучени од политичката сцена) фашизмот на утрешнината ќе ја најде својата публика во тоа ново мнозинство.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
А волшебно е да се патува низ неа како низ едно примитивно општество на утрешнината, сложено, измешано во неизмерен промискуитет, општество на свирепи ритуали, но полни со убавина во својата површна разноликост, општество на една тотална метасоцијалност со непредвидливи последици чијашто пак неизбежност нѐ опчинува, но општество без минато низ кое би се одразило, и коешто оттаму суштински е примитивно...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Луѓето учат да се глуви Мерачот на времето само во тебе е вперен Во некои други Светови по тебе можеби нешто ќе е сменето Порасни, созреј и не сонувај Остави ме мене Вистината погледни ја в очи Живеј ја оваа овдешнина Сите победи се лаги, загубено време – Загубена утрешнина! 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)