утврден прид.
утврди св.

утврден (прид.)

Секој шум во таа летна жега, секој глас, секој извик, се раѓаше со точно утврдена цел: веднаш за да умре, да се распливне, да се изгуби невратно, да не претставува ништо - ни настан, ни новост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кај ќе се справиме ние со двесте мамзери утврдени зад такви метеризи? — почна да го правда своето бегање Тренков, што на Ацев и Тошев им ги отвори устите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А дека Градиште можело и да биде богомилска населба, одредени податоци, и ако од науката неутврдени - поправо не е утврдено точно која била и точно каде била лоцирана односната населба - пружа Виљем Тирски: Напуштајќи го Костур, рицарите на Боуменд нападнале една укрепена населба во битолско-прилепскиот крај, која била населена со „еретици“ - богомили.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кралската влада му испрати изјава на Друштвото на народите во која наведуваше дека Комисијата за разграничување имала само обврска да ја потврди граничната линија на тој сектор утврдена со Лондонскиот протокол, но без право на било каква измена и модификација.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И дека поради сето тоа, се одбива било какво менување на границата утврдена по Балканските војни и не се отстапува од тоа, освен со сила.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Еднаквоста“ често беше утврдена со уставот и беше вистинска идеологија на државниот социјализам, а за жените тоа значеше нивно подеднакво учество во платената работна сила.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Устоличувањето на писмото е устоличување на играта; играта денес се препушта самата на себеси, бришејќи ја границата од која, како што се веруваше, може да се регулира кружењето на знаците, повлекувајќи ги со себе сите успокојувачки означени, редуцирајќи ги сите утврдени места, сите засолништа вон играта кои го надгледуваа полето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Продолжува претставата. Сѐ повеќе се чувствувам гле­дач – заложник на повеќекратна претстава, со заплет и епилог кои зависеа од цврсто утврдената шема на прет­ставата, утврдена од специјалните сектори на Партијата, а проверувана и довршена во полициските служби.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беа утврдени рокови: петолетки, десетолетки, кога земјата рајски ќе расцути, кога до небо ќе се извишат фабричките оџаци, кога ќе се описменат луѓето, кога однапред ќе се утврди колку ќе се произведе, колку нови кадри ќе се образуваат...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Точно е дека нашето револуционерно движење, како народно, се развивало по една историски утврдена закономерност и крајна негова цел била ослободувањето на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Даскалов се насмеа и ми подрече дека сум бил добар измислувач на утврдени природни појави и дека сум одличен изведувач на експерименти за децата од пониските одделенија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како оној брод трампер, кој никогаш не плови по утврден ред.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Глобалистите ги гледаат границите како сè понеодредени и поотворени, трансформирани од економски бариери и утврдени воени линии во мостови за комерцијални трансакции.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Со цел да го спречи нивното навлегување, Византија изградила повеќе утврдени градови и тврдини на брегот на р. Дунав.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Постапував според претходно утврдениот ред.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во XI век во Македонија се засилила феудалната експлоатација од крупните македонски и туѓи феудалци кои располагале со големи имоти и утврдени замоци, земале голем данок и за нив работеле бесплатно (ангарија) многу зависни луѓе, а населението било задолжено и со обезбедување на храна за војската и нивно сместување.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
ЗТПОК вклучи и одредба која предвидуваше дивидендата од акциите, односно уделите што претпријатието ги издава и ги пренесува на Агенцијата, средствата што ќе се остварат со продажба на објектите од општествениот стандард (одморалишта, рекреативни центри и слично), како и дел од средствата чија распределба е утврдена со овој закон, да се користат за обезбедување на правата и за создавање можности за вработување на работниците кои ќе останат без работа заради сопственичката трансформација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сакам веднаш да додадам дека во случајов не станува збор за одамна познатите и многу успешно опишани девет кругови на Пеколот, туку за чудни барања пропишани од страна на човековиот ум со кои преку пропишан ред и утврдени правила се насочува однесувањето на поединецот во организираната држава и се одредуваат казни за непридржувањето кон овие правила.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе