устројство (ср.)
Порнографијата е јавно устројство, сликарството е приватен неред.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И утредента Лествичникот слегол во гробот од татка си, и ковчежето го откопал, негибнато сосем, и в раце го држел, а косата на главата му се исправила од страв и ужас, оти од ковчежето доаѓал чуден звук, како коските на таткото негов да штракаат и да се распоредуваат во устројство чудно.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако одвреме-навреме фрлав понекој прек поглед кон постоунволскиот геј- идентитет и кон политиката, книжевноста, музиката и сексуалноста што црпат од него, тоа го правев не толку поради личното убедување колку што го правев поради експерименталното устројство, устројство што подразбира испитување на она што отпрвин ми личеше на контраинтуитивна хипотеза: дека Златните девојки можеби, сепак, ни е побитна од Едмунд Вајт, дека Очајните домаќинки можеби ќе излезе понастрана од Настран ли народ (Queer as Folk).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)