усложнува (несв.)
Централниот комитет ми ја довери задачата под овие услови и ќе Ве молам да не ја усложнувате.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Со својата “сликарска постапка” на правење филмови Џарман уште повеќе ги усложнува работите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не сакајќи можеби да го повредат, тие всушност непотребно му го усложнуваа и загорчуваа животот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кај случајов со Никола Поцо тоа се усложнува со неговите манипулации во позадината.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На некого му расцветал лактот, на некого панталоните, некој е целиот засален, а општиот наш парталав изглед покажуваше дека пред интернатската управа стои за решавање еден комплексен проблем на преоблекување и преобување, во кој моите чевли се вклучуваат само како ситна подробност, а тоа, се разбира, како и секогаш во такви случаи, ја усложнуваше работата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Промени има и кај одредбите кои се однесуваат на заштитните друштва и со кои дополнително се усложнува работата на заштитните друштва.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кодексот на тајноста на установите кои се занимаваа со посвојување дополнително ѝ ја усложнуваше нејзината потрага.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)