усвити (св.)
А светлината, што ги усвити металните венчиња во електричните ламби, нанижани по таванот над целата просторија беше како некој мек, животен флуид, што ја одделуваше само таа просторија од сиот оној празноок, изгубен свет на сета дивина околу пиланата, позлатувајќи ја, благородена и одбрана меѓу сиот тој див простор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Велеа: „Таа“, веднаш после тоа, кога главниот инженер отишол дома, а оној, Ристан, не можел да биде скриен, како што ги криела до тогаш сите други, бил огромен за да може да биде засолнет некаде, стоел среде собата, а таа висела, како играчка на неговиот врат, здрвен и со отпуштени раце, целиот грч, пред да се впушти во она, каде што го повикувал допирот од нејзините колкови: „Дојди колкав си, одлупи ме, сева, стори ме црвена, усвити ме, како да сум била в постела со сонцето, дојди...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не можеш да пукаш, се усвитила цевката, се топи железото и не го фрла ѓулето. Заглавува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Добро е што врне, вели Гоше Љубин, барем цевките нема да ни се усвитат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И еда, одам јас кај Маса Ќулумоска, ѝ кажувам што ми се стори и таа ги зеде плочите, еда, ги запрета во огништето, се усвитија. И после ги крена плочите и зина жената, еда, небаре пештера во устата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се усвите цевката, вели, ми изгореа прстите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А и устата ми се усвитила: можеш слободно да си свариш од чајот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како дише чудовиштето, со што? Дише студ за да не се усвити од зли желби. Со жабри.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)