урне (св.)
А потем падна и се урна снагата му цела врз оној грозен, крвав куп.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Можеше со грб да урне планина.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Такво шеќерно старче беше и дедо му на ловецот Капсула, секогаш смело загледано во туѓите очи; ништо не бара во нив, само го огледува своето лице, нема ли на кожата некоја ненужна дамка што би го урнала светечкиот негов изглед пред луѓето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од карање нема да ти се урне бисерот!... - Го советуваше башмајсторот Аргир.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Добра ноќ, Оче Симеоне, но кој лекар еднаш ти рече - урнете ги болниците во името на здравјето и преплавете го градот со зеленило и водоскоци?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Има нешто неизмерно големо и важно во неговиот живот, една човечка должност што го заслепува со својот сјај, да се урне нешто сосем подло и гадно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само еден понемирен бран на возбуденоста и тој ќе избувне искрен и слободен и ќе го урне во бездната она за што е дојден и што вака пристрасно го носи во себеси.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Чувствува - еве, сега ќе се урне земјата врз него и сѐ ќе појде по ѓаволите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А сето висело само на една тенка врвка и како да го чекало оној ден да се урне. Колку многу може да му одземе на човека само еден ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ленгерите на коработ од жал се стопиле, се скинале едрата, се урнало кормилото - морските бранови над капетанот Џек се склопиле.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Урна од таванот лански ореви, на огниште стави да се варат ошавки од круши и јаболки, некаде најде чинија летни јаболчиња, жолти и слатки.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се обидел некој пред сто години, некој аџамија, јајца од орли сакал да земе, за лек против некаква болест, но се урнал и одвај му ги собрале коските. Приказна...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Ете, тие се злото на царштината и тие ќе ја урнат, а не овие домаќини луѓе што се креваат да си ги заштитат своите имоти и животи", — си заклучи тој и си отиде во Битола да му рапортира на својот бимбашија, а преку него и на самиот Бахтијара дека во неговото село зимоска убаво поминал без да имало причини за зулуми правење.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Двапати годишно доаѓа од печалба: еднаш на Спасовден, на празникот на добитокот, и еднаш на Вртолум кога Бандо, исплашен да не му ја урне куќата, му ја истресе пушката во него.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Одеше Скрче од дрво до дрво, се потпираше на стеблаците со челото и туркаше како да сакаше да ги урне.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Знаеш, ќерко, баракава ми ја дадоа зашто куќата што беше скоро за паѓање ја урнаа, а сама во неа не ми се седи. Па, ете, така, ќе си седиме со Марина.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Скоро во истиот момент кога се најдов од другата страна на улицата зградата како да беше од картон, со грозен тресок се урна.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Кога се урна, кога стрешти, кога се дигнаа некои црни пепелишта нагоре, старичката само се прекрсти и си легна на земја: огнот барем земјата не ја гори, рече кутрата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)