уран (м.)
Не можеше ли смртта да одбере друг металик при своите вежбовни активности, кога во маневарската муниција меѓу ќорците ќе ѝ се протне некоја чаура со отпаден крш од колатерален ураниум?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Специфичен вид стварност.
Леглото истинува. Добива изгореници од студ. Озрачен вишок -
осиромашен ураниум.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ако цврсто си решил да направиш нуклеарна централа у маало, треба да знаеш дека Канада е најголем светски производител на ураниум.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Но осиромашениот ураниум беше најмал проблем за осиромашениот народ. Осиромашувањето на духот беше далеку поопасно. ***
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Осиромашениот ураниум од Косово ќе ви биде збогатен додаток во организмот. Леукемијата е гратис.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)