ураган (м.)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Нејзиниот вресок како да го стивна за миг оној ураган што му дуваше во градите, просто поткревајќи го од местото.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Немаше многу знаци дека тука поминал ураган: само неколку дрва и патокази беа срушени и овде онде имаше по некоја керамида или тараба.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Дождот престана. Беше тоа како... како сред филм за лавина, торнадо, ураган, вулканска ерупција... како нешто најнапред да се расипало на уредите за звук, придушувајќи и конечно исклучувајќи ја сета бучава, сите експлозии и громогласни ечења и грмотевици, а тогаш како некој да го истргнал филмот од проекторот и наместо него да ставил дијапозитив со мирен тропски предел, што не се менуваше ниту трепереше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ураганот навистина се случил, и сигналниот вод на мојот пријател навистина ја имал задачата опишана во приказната.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
На овие зборови, да ме прашаш зошто - не знам, кога рече поплавувам од бес, ја земам гитарата, па мавам, мавам! Ураган! Какво недоразбирање!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Никогаш не сум видела ураган.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ако се во прашање грблести вештици, еднооки џинови или зли волшебници со свински чурила, ќе ме снема пред да трепнеш. Ни ураган не ќе ме стаса.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во родната земја Албанија во 1997 година како да беше минал нов ураган.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Зошто во Македонија се беа помешале младото и старото вино во една мешина, во која се надвјасуваа меѓусебно, па се закануваа секое со својата жестина да создаде што посилен ветер, ураган во чие око се криеше тајната која не знаеме каде ќе нѐ однесе. А таму, во тоа око, кој може да навлезе? ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)