улав (прид.)

Дали ќе видите некој сон оти јас се избавив од улавото море што ќе ме удавеше?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не смеј се бре, како улав пред прст!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Улав! Што ги бараш в џеб кога знаеш дека се кај мама.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Фантома, ме виде ли, а? Улава е по мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Кај си ти? Нели отиде со татка ти? - Не отидов. Улав е. Се опијани и ме избрка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Што му е на улавион? се зачуди Петко.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само улав човек може да ми повери живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Веднаш почна да се лути на себе - улав ли беше кога мислеше дека момчево ќе можат да го однесат на грб?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За секого има место на оваа земја, само да е умен. Само улавите страдаат. - И ти...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
35. ПОАРНО СО УМЕН ПЛАЧИ, СО УЛАВ НЕ СМЕЈ СЕ - но јајцата велигденско шарени, божикно се исти - кое пиле ќе изведе, а кое ќе е смутка?!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Вртеа луѓето како улави околу езерото, се загледуваа во водата, влегуваа во езерото кога ќе им засенеше нешто, претаа со стапови низ шеварот и трските, фрлаа камења во плитките места, но сѐ беше попусто.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Абре, господ да чува, кога имаш улав човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ко улави обете, мислиш лепрата нѐ нагризала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама пак, си велам: Велико, не вели ништо. Пијаниот и улавиот само лошото го паметат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Такво улаво, безглаво бегање сѐ уште не сум видел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И паметни и улави, зли и благородни, од сите сорти.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се погледнале градителите. Царот нивен ја многу е умен ја многу улав.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се скара со селските комунисти околу демократијата, дали е тоа бескрајна цел или орудие за стабилизазија на човековата свест, ги испцу и им рече дека се улави.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Уште сум пренесена на фронтот долу, таму, си мислам, повеќе требам. Улава младост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На кој улав му е нужен милиционер со брада.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе