укочи (св.)
Затоа сега минуваме како крај зафрлена станица оти место рацете ни мавта една голема црнина тага од студен мразулец што виснал од балконот и балансира укочена пред црната вистина на сонот.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Имајќи намера без скокање, а само со чекање и застрашување да ја укочи мачката и да ѝ го пукне здивот - таа го укочи, го хипнотизира него со својот посилен поглед кој, заради стравот и за себе и за мачињата, доби хипнотизерска моќ.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се оладив. Се здрвив. Мозокот ми се укочи. Срцето ми застана. Го изгубив гласот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Приказна втора: Излетникот одбрал млада мома, витка и подвижна, па на поза бр. 2 се укочил и експресно завршил во „Градска“, од каде, по дадената прва помош, е испратен на домашно лекување.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)