узурпација (ж.)
Волфганг Суцл „Попоски на извонреден начин го истражува прашањето на ерозијата на некорпоративниот простор, односно она што тој го нарекува узурпација на некогашниот јавен простор од страна на приватниот капитал.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Трансформирајќи го визуелното искуство во „плиток случај на редундантност“125, узурпацијата на јавниот простор од страна на рекламите се претвора во визуелно загадување и заситеност, вишок на „визуелна бучава“ што попречува каква било значајна комуникација. 126
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
За вдишувањето на годините по раѓањето За заминувањето пред облакот пчели За ноќта обесена на прозорецот За модрите движења во огледалото (остаток од бујатото растење) За животот во мртвата природа - Книга на животот За отвореното писмо со зарипнат глас За меурот во зелениот аквариум За пропуштените луѓе во бескрајот За полиците на кои се задава коњица (фрагмент од непрочитаниот роман) За животот на жртвата во темелот - Книга на животот За студените светови во мртвороденото Јас За узурпација на просторот за летање За сенката што оспорува и простува За мониторот што емитува срце (интермецо на илузијата во траење) За животот претпоставен од живите - Книга за животот
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)