удиралка (ж.)
Тапанџијата оди пред тебе и по тебе, му шета тапанот по мевот, забркан меѓу удиралката и белото дреново праче што шврка, што штрака.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во јазикот на алхемијата, удиралката за пченица („небеското“ - бидејќи алхемијата е „небеско земјоделство“), Вознесението на Богородица, соблекувањето на невестата - сето тоа се метафори кои имаат исто значење: чистење - уситнување на нештата и нивно претворање во сребро и злато, или подобро во „камен на мудреците“ кој се споредувал со кристалот. 196 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Музиката за удиралки е современ премин од музиката пишувана под влијание на клавијатурите , на сезвучната музика на иднината.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Музиката вибрираше низ моето тело како да сум еден од инструментите и почувствував како станувам цел оркестар на удиралки, почувствував како станувам зелена, сина, портокалова.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
За композиторот на музика на удиралки секој звук е прифатлив; тој го истражува „немузичкото“ поле на звукот кое академиите го забрануваат и тоа во онаа мера во која е тоа можно да се направи мануелно.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)