угостител (м.)
Иако пристигнав во Бадгаштајн во доцните вечерни часови пресретливите угостители љубезно ме пречекаа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Угостителите велат: тој што сака да руча нека си дојде навреме.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Солунските угостители не го тераат гостинот да пие вино и пиво.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Претприемчивите грчки угостители распоредиле неколку ресторани од кои на масите крај брегот сервираат богат избор од морски плодови.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Глумците станаа угостители у градов. Секој глумец отвора кафанчуга.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Митревски во установата работеше со договор на неопределено време од 1988 до 2006 година, односно 18 години пред да настане работниот спор – на работно место угостител -келнер во склоп на Клуб- кафеаната при НУЦК – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Можеше да стане угостител и да држи кафеана со македонски специјалитети кои денес се нудат, како расолница со сечкана сува пиперка, растриен компир со праз, исто таков грав, бакардан со и без сирење, пиперки со урда и тие некои живи салати во качиња и буренца... на децата им се збоктисуваа, зашто се вртеа сѐ истите и истите, па можеби затоа ни денес не одат по кафеани.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)