угоре (прил.)
– „О јас сиромав, си рекол сам со себе, угоре високо, удолу длабоко, да се вратам, кај џевнем да одам?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Да го обесиш со нозене угоре пет пари скршени не ќе паднат од џеповине негови. (благо) Еве, на пример, што би било лошо да можеме да ја нагласиме работата да ја земе Никола Стефанов?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тие ѕиркаа низ тесните процепи на утврдените линии и гледаа како ползат угоре вооружени башибозуци и претпазливо ги наближуваат позициите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој излезе од дворот и го фати патот што водеше кон снежните ридишта угоре од селото.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Некаде далеку угоре по долината, кога неговата разоденост беше престорена во една свикнатост, од која му беше топло и пријатно во секое делче од неговото тело тој, сосема мирно, продолжувајќи без тешкотии да се пробива, почна еден обичен, тих разговор со оној свој самјак.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Просенија последен пат некаде угоре, тоа дека беа над него го сети само по болката во преоптегнатиот врат, прошарија низ белината, која што немаше никакви други димензии освен таа вртоглава длабочина на матежот, која стануваше уште побездона од тоа, што имаше нешто во што можеше да биде впиен заталканиот поглед таму, под паднатото небо, кое не се разликуваше по ништо од наврнатата земја, се мернаа уште некој пат, а потоа врнежот се заклопи за нив и бесповратно ги скри.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Набргу детето ќе испливаше на брегот, слепено со грбот на својот коњ, па, не обѕирајќи се на извиците на престрашените мајки и нивните возбудени и восхитени деца, ќе одгалопираше угоре, преку маслиновата гора.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Потоа пак гледа во своите раце, ги шири со дланките свртени угоре, како да одмерува нешто тешко, па додава: - Знае мојот Ванчо дека тие чесно го хранат и раснат!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Билјана молчеше. Неколку пати ги крена очите, ползејќи со погледот по тополите угоре, до нивните врвови што се забиваа во небото...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Почна да го влече девојчето угоре.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Лаењето, ’ржењето, квичењето, се пренесоа угоре по потокот. Можеби волците отстапуваат?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Сум читал, или ми кажувале, ќе ја замавнеш куката угоре, преку карпата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тргнуваме по ридот угоре барајќи место водата пат кај не пробива ни ветрот легало прави.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ама што ќе правиш: ти ги фатил камен нозете и не можеш ни угоре, ни удолу.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Трчавме угоре до железната порта на палатата, а потоа по џадето пред куќата во која живееше таа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Луѓето се затскрија зад свијокот, во густите дрвја, и зедоа да одат угоре, по шумичката. Таму не ги фаќаа куршумите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Познато е дека Ескимите, немајќи дрво или карпа од каде би ја разгледале околината, најлесниот ловец го фрлаат угоре со помош на затегната кожа, слична на онаа со која пожарникарите ловат скокачи од запалени згради ...“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И сѐ уште беше таму, топла и нежна додека заспиваше, а светот беше тивок и месечината бродеше угоре па потоа долу кон студеното небо, спроти утрото. 40
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Дваесет, триесет метри или повеќе, нимфите, дријадите и летните водоскоци бликнуваа угоре во неодгатливи хиероглифи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)