угол (прил.)
Левата рака високо обесена. Од папокот надолу - угол гол.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Угол сам, што се вели, без никого.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги оставивме синот и снаата угол сами!... Велиш нашол височко, исцедно место?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Петре и Кона, жена му, останаа угол сами.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)