увоз (м.)
      
      
        
          
          
        
        
      
        
          
          
        
        
              
          Тој зема податоци за извозот и увозот на Англија од Египет за 1872 и 1912 година; излегува дека тој извоз и увоз послабо растел одошто општиот извоз и увоз на Англија.
        
      
    
    
    
      „Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
         од В. И. Ленин 
        (1917)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Порнофилмовите (увоз од Скандинавија) како и поп-артот (увоз од Англија), значи, беа европски изуми, кои           најплодното тло го пронајдоа на американскиот пазар (кој           беше поподготвен од нивниот). Couch изгледа екстремно           аматерски и во склопот на Ворхоловиот опус.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 15-16“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ги стави сите под тој именител веднаш штом меѓу нив го препозна извесен Миле од Прилеп кој се занимаваше со увоз и извоз на кој знае што.
        
      
    
    
    
      „Продавница за љубопитните“
         од Мето Јовановски 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Приходите од увоз на пристаништето нагло се намалиле160.
        
      
    
    
    
      „Солунските атентати 1903“
         од Крсте Битоски 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ништо особено: проќелаво ситнолико старче, со очила од дебело стакло и без рамки, врзани за ушите со усукано ортомче, со ново забало во устата што севезден нешто како да џвакаше иако беше празна и нема (саказот веќе беше вон мода и вон норми, а гумата за џвакање влегуваше во мода ама не влегуваше низ увоз), со отпуштени дланки и неподвижни прсти, кои ситно но непрекинато се тресеа - небаре над секоја пара, и најситната металка, што паѓаше на тезгата.
        
      
    
    
    
      „Синовски татковци“
         од Димитар Солев 
        (2006)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Мислам дека Владата би можела да заштеди многу од Буџетот доколку на невработените би им исплатила и 5 пати помала сума од онаа за увоз, односно 200 евра, колку што изнесува просечната македонската плата.
        
      
    
    
    
      „Двоглед“
         од Горан Јанкуловски 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И сѐ така, стручни шоферски прашања, а јас, натпреварувајќи се со самата себе, се обидував со одговорите да му објаснам за разработениот систем, кој пред фискализацијата навистина така и функционираше, дека сѐ е сиво и како станува бело, небаре утре ќе отвора бутик, па, ете, јас ќе му помогнам околу фактурите, декларациите, увозот, шпедицијата.
        
      
    
    
    
      „И ѓаволот чита пРада“
         од Рада Петрушева 
        (2013)