убедливо (прил.)
Тие зборуваат убедливо и со длабоко знаење на работите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да не си изработиме свое, македонско гледиште за нашата народност, убедливо и справедливо за сите Македонци, значи дека ние не сме во состојба самостојно, без туѓо влијание, да се изучуваме самите себеси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Победата на Француската револуција убедливо ја покажа трошноста на сето феудално општество, за кое порано непрестајно се тврдело дека е вечно и незаменливо, а таа исто така од темел ги разниша сите оние учења што претставуваа во овој или оној вид идеологија на феудалниот поредок.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
САВЕТКА: (убедливо). Море, кога ќе ѝ свирне вујко ѝ и оро ќе игра!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Уште еднаш и тоа мошне убедливо се увери дека снегот цврсто ја држи опсадата околу колибата и веројатно за подолго време момчето ќе остане беспомошен заробеник на белиот владетел.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
…по третата можеби четврта чинија салата четвртата можеби петта чашка лоза го прашав како ти беше тој одговори сосема мирно голтајќи сочни резниња домати се префрлав на свој терен густирав лоза со салата од домати тоа беше убедливо мое мечтаење моја игра само јас можев да ја одречам а не бев луд да го направам тоа нели…
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но, фантастичниот декор употребен убедливо, каков го употребува сонот, ја прави таа исповед постварна од било која заробена вистина.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
А тато убедливо зборува: „Не ќе пропадне веков, мајко; голем е веќе, нека се снаоѓа како другите деца на негова возраст.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сите овие слики можат да изгледаат убедливо вистинити, со жив впечаток за бројни замрсени детали, кои далеку го надминуваат сето она што поединецот го дозволува како постоечко во неговиот арсенал на свесно знаење.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Технологијата на виртуелната реалност овозможува убедливо чувство на целосно движење, со податочната ракавица е стимулиран и допирот, се работи за право пробување и населување на виртуелноста (уметнички кодирана); посебно делотворни се движењата (излети) за сликите, симболите и зборовите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Филозофот Даниел Денет на пример, убедливо тврди дека постулирањето на мозочни центри всушност значи едноставно поместување на сите оригинални прашања во врска со однесувањето на животните во еден “анималкулус” во внатрешноста на главата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Среде наглите изблици на псевдомагија во езотеријата на нашите епигони меродавно е само уметничкото дело, тоа убедливо, значајно книжевно дело.(...)
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Сум ги чула – реков убедливо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас најодговорно тврдам дека моите намери се најчесни и најчисти и можам само да Ви ветам дека доколку ја одобрите мојата молба, јас ќе се грижам за Томаица и моето семејство на најдобар можен начин.“ рече Петар, додека срцето силно му чукаше во градите, а тој со сигурен глас сепак успеа да настапи доста убедливо, гледајќи го цело време газда Таки директно и смело во очите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Предвидувањата на Томо се испоставија вистинити. За кралица на вечерта убедливо победи Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Рада ликуваше. Одамна вака убедливо не добила некоја битка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)