уа (изв.)
И кога татко му го наврти цел град да ми вика „уа!“, да не можам да препоминам по улица? (Гордо).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Го крена погледот и гледа: се накачиле децата на плевната и низ една дупка одгоре му се смеат: - Уа-а-а-а-а, јатак...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тоа диво и разлутено му се спушта по патот, а ние со Васета викаме и се дереме: - Уааа! Држете го крадецот! Уааа!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во почетокот се слушнаа неколку „ уа“ и свиркања, но тие доаѓаа само од членови на Партијата во толпата и набргу престанаа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа знаеше кога треба да вика во знак на поддршка и кога да вика „ уа“ и тоа беше сѐ што ѝ беше потребно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Првата вест е за синоќешниот голем протестен митинг на синдикатите на Македонија... место на настанот... плоштадот... во срцето на Скопје... на снимката од синоќа многу луѓе викаат, меѓу нив и новинарката преминот од колор-стварноста во црно-белиот филм се случува кога новинарката, привршувајќи го својот гласен прилог, е поклопена од уште посилниот глас на еден од демонстрантите: Уа владааа!...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)