тушира (св. и несв.)
Миев заби и се туширав, за да не сетиш дека сум пушел.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тој ден не се туширав, ниту ги миев рацете, за да ми остане мирисот на Луција на рацете и околу вратот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Тетка Злата, јас така правам дома“, рече Нина, „по три саксии во када и внимателно ги туширам.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Вслушувајќи се во таа бучава во којашто се тушираше сончевиот ден и во песната на славејчето, како да се најде повторно понесен од матицата на планинската река што синоќа го однесе во тврд сон, а утринава го повикува и тој да потече по своето корито на денот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не можев да се туширам затоа што како веќе да ги чувствував чекорите на тетка ми како нервозно маршираат пред вратата - кога наместо да слушнам чекори од ходникот, од шолјата слушнав само едно „клок-клок“ и регистрирав како водата од казанчето сосем се испразни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Пред да седне да јаде, гласно се тушираше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Велат дека таму понекогаш внесуваат луѓе во простории во кои им велат дека ќе се тушираат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Значи, додека Симона се туширала со своите пријатели, а можеби и ја продолжила својата групна романса под нејзиниот златен туш, нашиот човек го префрлил филмот на неговиот стик.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ја пушташ водата, а тоа цревцето како змија се извива и го бркаш низ бањата, па си принуден млазот да го намалиш на минимум и, по принцип капка по капка, да се тушираш, нормално со придружбата на Мара.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)