турива несв.

турива (несв.)

МАРА: (која има ставено на софрата леб, грне грав, лајци и празна земјена паница сега ја става и погачата од кумата и турива од грнето грав во паницата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Уште од порано ги знаеме визбите: штом ќе почнат дождовите да туриваат, ѕидовите се влажнат и пропуштаат бликчиња вода што лакомо течат и ја полнат визбата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Една ноќ додека туриваше како да беа распукани небесните мориња, Трајан се искраде до шумичката, се завлечка во неа и се најде отаде границата - на грчка територија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Довлечкаа дождови што деноноќно туриваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Китан развеселен уште повеќе што полковниците му направија чест, растрчуваше и постојано им туриваше пијалок во чашите. И пукаше со пиштолот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дождот сѐ посилно туриваше, а луѓето, како за инает, не бегаа; колку тој посилно заплускуваше - толку тие сѐ повеќе излегуваа од куќите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сакате? - ја држеше издолжена празната чаша кон рибарот кој му туриваше радосен што тргна работата, што проблемот ќе се реши многу лесно, без мака, без страв и неспокојство.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дождот што туриваше силно пронашол некоја скршена ќерамида на покривот и пробивајќи се низ таванот сѐ повеќе тропа на масата и подот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога Стела ќе ги искачи двете кофи со малтер на скелето кај Богдан, ги турива подолго време во текнето свртена со задниот дел кон Богдана и поднаведната при што поткренатиот фустан ѝ ги открива бутините.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Па и за Влатко: ново училиште, нова средина, ќе имаме многу расходи, а набргу ќе се заесени и разлади“, туривајќи таратур коментира мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)