тукутака прил.

тукутака (прил.)

Село — како секое наше село. Но не тукутака го нарековме центар на Мариово.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нејзината жештина беше толку голема, а во исто време и толку ниска, мала, толку гнасна, што не можеше тукутака, просто, едноставно да се погодува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Помина случајно дедо Петко со магарето товарено дрва пред него и тој со една ластегарка на плеќите и фатена со двете раце од назад и речиси од тукутака, колку да ни проговори, ни рече: - Што правите тука бре обесеници?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не можеа тукутака овие кози да го запрат текот на историјата, сигурниот настап на новото социјалистичко општество, со работничката класа како нејзин главен гарант!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како можеме да седиме тука и тукутака да си прикажуваме?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Па не можеш туку-така да ги оставиш телата насекаде, нели? Ќе заминете и ќе ги соберете...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Одговори ми!“ извика таа. „Зарем си луд да ги трошиш парите, тукутака, на облека што нема ни да ја носиш?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сакам да купам книга и молив; сакам сега што повеќе нешта да забележам, за да не истекува сѐ туку-така. Толку години проживеав, и сѐ е потонато.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зар може да се побегне тукутака од девојката од која неодамна не можеше да се одвои ни за прст!?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не смеев тукутака да му ја кажам веста, без да преземам нешто претходно.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не туку-така секое утро настојував да се најдам покрај бунарот за да можам да му полевам на момчето да се исплиска со студената вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што ќе го заплетка некоја невнимателна жена не се размрсува тукутака.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но ако веќе дошло до тоа да се земе ризикот што го носи секое доверување, тогаш треба од помагачот да се бара нешто повеќе, да не се испушта туку-така можеби единствениот случај, особено ако биде нужно и добро да се плати.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ти мислиш ја одгледа мои три ќерки и два сина тукутака?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Вронг!“ отсече Брчалото. „Американецот не ги фрла парите тукутака. Мани ис мани.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Речиси никој (со исклучок на синдикалните активисти), 299 не знаеше како оди процедурата за основање синдикат на ниво на работодавач; потоа, многу малку работници знаеја дека работодавачот мора лично да им врачи отказ во задолжителна и единствено релевантна писмена форма и не може туку-така усно да ги „избрка“ од работа или, пак, дека им следува право на дополнителна пауза за време на течењето на отказниот рок – со цел барање нова работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Што да ви расправам за Транзицијата, при очи сте, гледате и сами, барем кај нас таа си е вечна и не прортчува тукутака низ живеачката.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Четворица сме: јас и тие: јас од тукутака ќе се расплачам, ќе се размрсулавам, тие по мене, ќе молчам јас, ќе молчат тие, јас тргни кон некаде – тие по мене, ја расипуваат играта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сѐ е тотално фушерски изведено. Тукутака замачкано, нафрлано, незавршено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе