трупи (само мн.)
Англиската младина бара да се повлечат британските трупи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сојузничките воени сили особено имаат потреба да им се покажат складиштата и групирањето на непријателските трупи кое ќе се случи по прекинувањето на комуникациите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Овие зборови ги слушав од тетин ти Боге, оној што ги минал трите најсмртни денови на тој рид, во борбата што им претходеше на српските и на бугарските трупи, значи кога сѐ уште се бореа овие две сили заедно против Турците.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Пред дваесет години, кога градот го окупираа француските трупи, накодошен пак од свои, јас морав да заминам, преку Италија, во Цариград.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие ја информирале американската јавност за влегувањето на бугарската армија во Македонија, „‘ослободена’ од германските трупи“, со една единствена цел – одржување на „редот и мирот меѓу населението“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Не заборавај, мој Камилски, дека трупите на Варшавскиот пакт биле повикани да ги задушат крваво востанијата во Полска, Унгарија...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)