трудољубив (прид.)
Само Германците од Баден, само оние од Штутгард, се викаат Шваби а и Германците надвор од оваа покраина знаат дека овде живеат Швабите, кои се многу трудољубиви и штедливи луѓе.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
уште еден домат или за двосмислената свежина на дистанцата во пишување …додека ја дочитував трудољубивата писмена задача на вашиот критичар против новата проза објавена во последниот број на вашето ценето списание се сетив на една од ретките средби со дебелиот кој по сто и осумнаесет дена и ноќи во истамбулскиот затвор и четириесетина килограми помалку си мезетеше сѐ уште со истиот прекар и со истиот апетит двојна салата од домати…
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Татко ми и мајка ми, која го следеше во животот како сенка, подгрбавена сенка од работа и од послушност, беа погребани на гробиштата Фицрој, спроти водите на големиот Пацифик, како не многу заслужни, но трудољубиви новодојденци.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Татко му Иван бил ситен трговец, трудољубив и чесен велешки граѓанин.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Љубен беше прекрасен човек. Трудољубив. Со него и семејството останавме пријатели до денешни дни, повеќе од две децении.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јас сум само нивен слуга и трудољубив извршител“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Трудољубива, амбициозна, хуманитарец, филантроп, хедонист. Божица на сцената.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)