трудна прид.

трудна (прид.)

Зашто... (Се мисли.) Ми текна нешто, да простиш, Спиро, како на трудна жена: ми се пријаде месо со компири...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И со тоа што спечалија? — Трудна вдовица жена зедоа!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А, ја! Нема да биде тоа! „Доста е веќе трудна", си рече со сигурност Митра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Жена ти е трудна веќе осум месеци, а ти за сето време не спиеш, се сушиш, спокојство немаш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ѝ нареди на ќерка ми да се преправа дека е трудна, дека треба да роди. Немаше каде: се согласи, кутрата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Одејќи кај нив, Профим се зближил со ќерката, и таа останала трудна.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И од него црн пламен се извишува. Како црн јазик, како трудна магла.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега гледам дека ноќта била најдебела овдека. Во шумата. Никаде не е толку трудна ноќта како меѓу буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најмалиот од трите Крстеви синови, Тодија, тогаш со секира си ги уби брата си Трајана, средниот, снаата Босилка, која беше трудна во седмиот месец, и првиот нивни син, Драгомана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И кога најпосле Дукле дефинитивно одлучи да ја остави, таа, се пофати за мевот и му рече радосно: - Трудна сум... Дуклета радост го облеа, се возбуди.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Уште повеќе што Оливера е трудна, во осми месец влезена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Клетвата си е клетва, зошто не пазеше? Жена ти е трудна веќе осум месеци, а ти за сето време не спиеш, се сушиш, спокојство немаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Трудна е попе, ќе роди.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ уште се нишаше. „ Трудна сум“, шепна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Ти си трудна, ми вели. — А?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Женава е трудна!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И црниот ѓавол можел да ги почитува тие луѓе како што можел да се восхитува и од нивните жени, повеќето трудни, кога ги пречекале на патот кон шумичката бабуњосаниот Адам Лесновец и попот Панделиј; лицата им биле тврди, како изделкани со чеканите на мажите од сив, модар и зелен камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој, и не погледнувајќи ги, знаел која е трудна и која кога ќе роди и женскомашки се клештел - ќе им подвикне, ќе се разбегаат како чавки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можела, доколку не ги жалела слабите, трудните и доилките, да ја измори дури и манастирската маска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе